Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Електронски комуникации во кој што е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.

Во законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една приватна институција, а граѓаните знаат дека бројни такви се присутни, детектирани се околу 160 провајдери кои што се присутни на македонскиот пазар, а немаат лиценца за организирање на онлајн игри на среќа, изјави Андоновски

Министерот посочи и дека министерството за дигитална трансформација работело на законските измени координирано со останатите институции кои што се засегнати во оваа област, внимавајќи да не си упаднат во надлежностите едни на други.

Ги известивме глобалните приредувачи на игри на среќа кои што не добиле и не аплицирале никогаш за лиценца во Македонија дека се во спротивност со законот и паралелно на тоа работевме на измени на законот, гледавме да не упаднеме во надлежностите на министерството за финансии, УЈП и државната лотарија и заедно со нив стигнавме до законско решение кое што помина на Влада, а по 7 дена е влезено собраниска процедура и очекувам да помине на комисијата за дигитална трансформација, надополни министерот Андоновски

Ова е еден од начините да се спречи младите да имаат достапност до нелегалните онлјан игри на среќа и да споделуваат податоци кои што лесно можат да бидат злоупотребени.

Станува збор за измени на закон кој што не се од политичка природа и се надевам дека сите пратеници од било која политичка партија ќе ги поддржат, бидејќи навистина е начин како да спречиме нашите млади тинејџери да играат онлајн игри на среќа и да ги споделуваат лични информации онлајн кои што не знаеме каде одат, заклучи Андоновски.

OhridNews