Охридскиот состав мораше да се задоволи со бод на дуелот со Работнички одигра во „Билјанини Извори“. За „гладијаторите“ ова е втори реми сезонава по она во Прилеп.
– Играта во одбраната беше како што треба и како што се договоривме. Дека нападот не функционираше не треба никој да ни кажува тоа е повеќе од очигледно. Неможиме ниту да помислиме на победа со промашени зицери од крило и шутеви од бековските позиции. Реално со ваква игра пред своите гледачи неможиме да победиме никој – дециден беше охридскиот стратег Горан Андоновски.
Ракометарите на Охрид не ја искористија шансата за зацврстување во горниот дел од табелата по поразите на директните конкуренти.
Мх.П.