В сабота со почеток од 18 часот охридските ракометари против тимот на Куманово ќе го одиграат петтиот натпревар во Супер лигата. Во досегашниот дел првенството охриѓани имаат една победа, едно реми и два порази и со четири бодови се наоѓаат на шестата позиција.
– Екипата на Куманово е одлична шанса за прекинување на серијата од три натпревари без победа. Иако во првите две гостувања игравме со далеку поквалитетни противници, ние нашата шанса ја имаме и бараме на домашен терен. Затоа ја повикувам охридската публика како во многу наврати до сега да биде нашиот клучен играч во победите – рече тренерот Горан Андоновски.
Противниците на Охрид во петтата рунда од Супер лигата Куманово во четирите одиграни натпревари имаат претпрпено исто толку порази што ги прави охридските ракометари фаворити во овој дуел.
Мх.П.