Охридските ракометари направија уште еден голем чекор кон пласманот во плејофот од Супер лигата откако на гостински терен со 24-20 го совладаа составот на Тинекс Пролет.

– Сакам да им честитам на играчите за пожртвуваната и борбената игра во текот на целиот натпревар. Не потклекнаа ниту во еден момент од изненадувачки острата игра на домаќините и сосема заслужено сите заедно се радувавме на крајот. – рече Горан Андоновски.


Со овој триумф „гладијаторите“ се искачија на втората позиција на табелата и само чудо може да ги спречи да не играат во разигрувањето за титулата.

– Сезонава сите заедно во клубот пишуваме историја на охридскиот ракомет. До сега клубот никогаш не котирал волку високо на табелата и со многу реални шанси за плејоф. Треба да го издржиме ова темпо и со помош од публиката да им се спротиставиме на екипи од рангот на Вардар, Металург, Работнички и Макс Струмица. – заврши охридскиот стратег Горан Андоновски.

Ohridnews