Со убедливата победа над штипски Текстилец во последниот меч за 2014 година охридските ракометари останаа во игра за едно од местата кои водат во плејофот.


– Победата беше очекувана и ми е мило што со убедлив триумф ја завршуваме 2014 година. Лошо изгледа сликата во екипата на Текстилец, но ние сме професионалци и коректно ја завршивме нашата работа – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

Уште четири натпревари преостануваат од регуларниот дел од Супер лигата кои ќе се одиграат на пролет.

– Сеуште имаме шанса и во наши раце ни е судбината за пласман на местата кои водат во плејофот. Додека има теорија ние ќе се бориме и ќе се надеваме на остварување на нашата зацртана цел пред почетокот на сезоната – заклучи Андоновски.

Сите кои настапија на мечот со Текстилец успеаја да се запишат во листата на стрелци освен голманскиот тандем Пецаков – Костески.

Мх.П.