Охридските ракометари в среда со почеток од 18:30 часот против Текстилец ќе го одиграат третиот натпревар во плејаутот од Супер лигата.
– Секој меч за нас е како финале. На домашен терен мора да бидеме непогрешливи и да го победуваме секој натпревар. Поддршката од публиката на минатиот натпревар беше многу значајна, па нека биде така и на дуелот со Текстилец – рече тренерот Горан Андоновски.
Охридскиот стратег пред натпреварот со штипјани се соочува со мали проблеми откако на мечот со Радовиш повреди заработија Поп-Стефанија, Андоновски и Соколов.
Мх.П.