По пауза од една година Горан Андоновски се враќа на ракометот. Алфа и омегата во Охридскиот ракомет се враќа како тренер во РК “Климент Охридски”.

Во желбата да се подмлади екипaта и конечно охридскиот лигаш да застане на здрави нозе, клубот ќе врши упис на нови членови.

Децата на возраст од 11 до 15 години, љубители на ракометот, се повикуваат во сабота 1 Март во 08.30 во СРЦ Билјанини Извори.