Охриѓани во втората рунда ја запишаа првата победа во новата сезона од Супер лигата. На домашен терен „сините“ го совладаа тимот на Преспа со 29-22.
– Очекувано беше малку моите ракометари да почнат во грч, но сепак забележавме рутинска победа и покажавме дека сезонава ќе бидиме тврд орев на домашен терен. Во ниту еден момент не ни ги загрозија трите бодови иако игравме со половина сили – потенцираше охридскиот стратег Горан Андоновски.
Девет различни ракометари се запишаа во листата на стрелци и проблемот во нападот за составот на Охрид е минато.
– Слободно можам да кажам дека можиме и далеку подобро од ова, но времето ќе покаже. Имаме доста нови играчи кои со тек на времето ќе се воиграат и ќе функционираат многу подобро во нападот – додаде Андоновски.
Фото : Емилио
Мх.П.