Без поголеми проблеми охриѓани го совладаа составот на Борец 30-21 во првото коло од пролетната полусезона во Супер лигата.
– Рутински изгледа според резултатот, но на теренот не беше така лесно. Борец е незгодна екипа, но ние со нашиот пристап покажавме дека сезонава сме сериозен тим со големи дострели. – рече Горан Андоновски.
И покрај малиот играчки ростер „гладијаторите“ покажаа квалитет кој ги одведе до 11-ти триумф во елитата.
– Се надевам дека до мечот со Прилеп ќе ни се приклучат Иван Стојановиќ и новата аквизиција од Алжир, и со комплетен ростер ќе им се спротиставме на прилепчани. – додаде охридскиот стратег.
Борец лесен залак за охридските „гладијаторите“
OhridNews