Натпреварот со Металург 2 го сфативме сеиозно, одигравме добро и остваривме висока победа, резимира тренерот на РК Охрид Горан Андоновски по синоќешната висока победа од 38:26 во салата „Билјанини извори“.
– Добро е што го одморивме Јовица Младеновски на овој натпревар, кого го чуваме за средбата следниот викенд во Скопје против Вардар Јуниор кој во последно време постигнува добри резултати, тоа е екипа која има голем број на младински репрезентативци. – изјви Андоновски.
По победата над Металург 2 и поразот на Еурофарм Работник во Велес од Борец Охрид повторно се врати на врвот на суперлигашката табела, а целта е да се обезбеди што порано место во плејофот.
-Пресреќни сме и се надеваме дека ќе победиме во Скопје со Вардар и ќе имаме мирен зимски сон, со тоа што уште сега ќе обезбедиме плејоф, па потоа да се подготвуваме за Маталург, Вардар и за разигрувањето за титулата.– додаде Андоновски.
Тренерот на РК Охрид посакува поголем ростер на играчи за екипата да биде поконкурентна, на што ќе се работи во зимскиот период.
Г.М.