„Гладијаторите“ во среда го играат последниот натпревар од регуларниот тек на првенството во Супер лигата против екипата на Скопје. Во редовите на ГРК Охрид владее оптимистичка атмосфера за нова победа.

Во среда го играме последниот натпревар за оваа полусезона. Ја пречекуваме екипата на Скопје за која се подготвуваме како за секој натпревар. Се надевам дека со добра игра ќе се радуваме на победа, вели Крсте Андоновски.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ во среда со почеток во 18 часот.

OhridNews