Денес ракометарите на ГРК Охрид ќе го одиграат првиот натпревар на домашен терен во плеј-офот од Супер лигата против екипата на Бутел од Скопје

Капитенот на ГРК Охрид Крсте Андоновски пред напреварот вели дека екипата на Бутел е добро познат противник со кого секогаш играат неизвесни и „тврди“ натпревари.

Мотивот и желбата за победа се големи. Добро се подготвуваме овој изминат период како на видео анализите, така и на тактичката поставеност и сметам дека сме подготвени да извојуваме победа. Максимално се подготвуваме за секој натпревар и не се откажуваме, иако сме во еден мал хендикеп бидејќи не пренесовме бодови во Плеј-офот, но освен Вардар и Пелистер кои се на едно повисоко ниво, мислам дека другите екипи сме изедначени по квалитет, вели Андоновски.

Се може да се очекува, вели Андоноски, додавајќи дека потребна е само една победа во гости за да може да обезбедат една од првите четири позиции.

Ќе ни треба голема поддршка затоа ја повикуваме охридската публика и нашите „Рибари“ во што поголем број за да ни бидат „ветар во грб“.

Натпреварот е со почеток во 18:00 часот во СРЦ „Билјанини извори“, а влезот е 50 денари.

Н.С.Ј.