Охридскиот ракометен состав пред почетокот на пролетниот дел од сезоната се соочи со играчки проблеми, но на мечот со Радовиш покажаа дека се посилни од нив оставајќи го не само срцето туку и душата на теренот.
– Дишевме како еден и во моменти кога не и одеше на екипата продолживме да се бориме и го вративме резултатот во наша корист. Секако дека во играта има падови но ние го издржaвме тоа со борбеност во текот на целиот натпревар – рече предводникот на „гладијаторите“, Горан Андоновски.
По триумфот охридските ракометари се чекор поблиску до обезбедување на опстанок во елитната ракометна лига.
– Со победата над Радовиш покажавме дека заслужуваме во Охрид суперлигашки ракомет. Трите бодови од овој меч во разигрувањето за опстанокот ќе значат многу затоа што ќе ги пренесеме во вториот дел од сезоната – заврши харизматичниот тренер на РК Охрид.
Мх.П.