ГРК Охрид загуби од Алкалоид 26:32 во натпреварот од 4 коло од пле оф-от, што се одигра синоќа во салата „Билјанини извори“. Охрид добро се носеше со противникот во првото полувреме кое заврши 14:14, но подолгата клупа на Алкалоид дојде до израз во вториот дел. Потврда за тоа е што во листата на стрелци кај гостите се запишаа дури дванаесет играчи.

Поголемата ротација го одлучи натпреварот. Ние имавме неколку повредени играчи и пократка клупа така што не можев да ротирам. Исто така нашите голмани немаа ден. Заслужена победа на Алкалоид. Штета до 45 минута имавме егал и во последните 15 минути се почувствува дека поголемата ротација ќе го одлучи натпреварот. – изјави по напреварот тренерот на ГРК Охрид Горан Андоновски.

Горан Андоновски – ГРК Охрид. Фото: А. Момироска

Според Андоновски, со оваа победа Алкалоид е блиску до третото место, а за четвртото борбата ќе остане отворена до крај на плеј оф-от.

Г.М.