Подготвени сме за Езерското дерби со Струга. Противникот го респектираме, но со добра игра и поддршка од нашите навивачи атакуваме на победа, најави искусното крило на ГРК Охрид, Крсте Андоновски.
Екипата на Струга е составена од неколку поранешни македонски репрезентативци надополнета со неколку интернационалци. Ние добро се подготвуваме за овој натрпревар и се надеваме дека со добра игра ќе стигнеме до победа, вели Андоновски.
Најавено е присуство на двете навивачки групи. Натпреварот се игра во сабота во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.
OhridNews