Поразот 25-24 од Тинекс Пролет пред своите гледачи значеше крај на победничката серија за охридските ракометари. Охриѓани долго време имаа резултатска контрола, но, на крајот мораа да им честитаат на своите противници.


– Повредите на Крсте Андоновски и Костантин Вешоски многу се осетија во нашата игра. Малку и среќата ни го сврте грбот. Во клучните моменти промашивме зицер, згрешивме во нападот неколку пати што веднаш ни се одрази на резултатот. Им ја честитам победата на ракометарите на Тинекс Пролет, а ние продолжуваме понатаму – потенцираше Горан Андоновски.

Во седмата рунда од Супер лигата охриѓани ги чека меч со Пелистер во Битола.

Мх.П.