„Гладијаторите“ со скор од седум победи и еден пораз на домашен терен ги завршуваат мечевите во регуларниот дел од Супер лигата.
Последна жртва на охридските ракометари е Тинекс Пролет кој во Охрид минативе две сезони се радуваше на победа.
– Карактерот на една голема екипа е и кога игра слабо да победува. Ние против Тинекс Пролет одигравме баш таков натпревар, а го добивме. За нашиот неспорен квалитет сезонава говорат двете победи над Прилеп, Тинекс Пролет и Радовиш нешто што беше незамисливо минатите сезони. Единствено тимот на Металург успеа да не надигра и совлада во Охрид. Со овој триумф го обезбедивме историското второ место за Охрид во Супер лигата без разлика каков исход ќе има мечот во Скопје со Вардар Јуниор. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Темелковски: Охрид како екипа и како град е зрел за успеси
Конечно, Тинекс Пролет поразен во Охрид
Фото: Емилио
Мх.П.