Ракометарите на Охрид на најдобар можен начин со лесна и висока победа над Радовиш (29-19) го најавија премиерниот натпревар во новата сезона на домашен терен против Пелистер.


– Среќни и задоволни сме со победата над Радовиш, но мора да останиме цврсто на земја. Одигравме како што се договоривме пред натпреварот и кога се ќе се испочитува и одработи се добива овој резултат. Но, пред сите нас имаме нов голем предизвик во името на Пелистер. Тој меч го чекаме нетрпеливо бидејќи ќе ни биде премиера пред нашата верна публика. Размислуваме само за победа и без неа триумфот во Радовиш нема да ни вреди ништо – рече Горан Андоновски тренерот на Охрид.

Победата над радовишани ги смести охриѓани на средината од табелата и дополнително ја загреа атмосферата пред дуелот со Пелистер кој на програмата е во недела во 19 часот.

Мх.П.