Екипата на Радовиш е четврти противник на охридскиот ракометен состав во Супер лигата. Мечот меѓу четврто и седмопласираниот тим ќе биде дерби во четвртата рунда од шампионатот.

– После воведните натпревари во Супер лигата екипата на Радовиш се издвојува како еден од фаворитите за пласман на местата кои водат во плеј оф мечевите. Ние сме максимално фокусирани и жедни за игра. Низ видео снимки ќе го анализираме противникот и ќе бидиме 100% подготвени за натпреварот в сабота – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

Покрај квалитетот на противникот „гладијаторите“ на домашен терен секогаш атакуваат на целиот плен.

– Само победа е во нашите мисли бидејќи само така можеме да стигнеме до поволен резултат. Со помош од публиката можеме секоја екипа да ја совладаме. Сезонава поддршката ќе ни биде многу потребна бидејќи ќе се водат жестоки битки за бодовите во „Билјанини Извори“ – заврши Андоновски.

Натпреварот се игра в сабота со почеток во 19:30 часот, а билетот за влез изнесува 30 денари.

 

Мх.П.