Избраниците на охридскиот ракометен стратег Горан Андоновски во последниот натпревар од регуларниот дел во Супер лигата пред своите гледачи ќе се сретнат со подмладокот од Металург.

– На домашен терен ќе го пречекаме тимот на Металург Јуниор, во чиј состав настапуваат повеќе репрезентативци од кадетската и младинската селекција. За нивниот квалитет говори тоа што кадетската репрезентација која избори пласман на Европското првенство е составена од школата на Металург. Тие сосема заслужено се пласираа во горниот дел од титулата и сериозно ќе замешаат прсти во борбата за титулата – рече охридскиот стратег.

Поранешниот репрезентативец на Македонија не штедеше пофални зборови за младите „металурзи“ кои во првата полусезона го декласираа охридскиот состав победувајќи го со 16 голови разлика (38-22).

– Играат модерен ракомет неколку години играат заедно и убавина е да се гледа како играат тие деца на теренот. Ние нема што да загубиме одиме да се надигруваме и на охриѓани да им понудиме одлична ракометна престава – заврши Андоновски.

Натпреварот е закажан в сабота со почеток во 19 часот.

Мх.П.

OhridNews доделува бесплатни влезници за урнебесното кабаре “2Mothers brothers” вечер во Центарот за култура