Само два погодоци постигнаа ракометарите на Охрид во првиот дел од дуелот со Зомимак кој го загубија со 25-16. Ова за нив беше прв пораз на домашен терен сезонава по три победи и едно реми.
– Преголемиот страв од имињата во тимот на Зомимак си го направи своето кај моите ракометари. Веќе цела сезона имаме мака од нападот, кој сеуште ја нема достигнато посакуваната форма. Одбрана беше на висина на задачата да се задржи екипа како Зомимак на 25 голови не е мала работа и за потценување – смета охридскиот тренер Горан Андоновски.
Во вториот дел охридските сини одиграа далеку подобро од првиот кога успеаја да го добијат со 13-12 и да се покажат во вистинско светло.
Фото : Емилио
Мх.П.