Охридските ракометари во последниот натпревар на домашен терен од есенската полусезона не успеаја да ја израдуваат публиката, која беше ветар во грбот низ сите натпревари за „сините“.

– Немам што да им замерам на моите ракометари. Сите дадоа максимум, лавовски се бореа ја посакуваа победа, но ете немавме среќа во завршницата. Морам да сум задоволен од натпреварите на домашен терен бидејќи само Зомимак стигна до лесни бодови во Охрид, а сите други ја почуствуваа нашата сила – истакна охридскиот стратег Горан Андоновски.

 Мх.П.