86,6% од домаќинствата во Македонија имаат пристап до интернет, а 88,3% од населението активно го користи интернетот покажуваат најновите податоци, истакна министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на 7-та Регионална конференција за е-трговија насловена: „Е-трговија: отплеткување на потенцијалот“!
Овие бројки се доказ за брзата дигитална трансформација и напредокот кон поблиска интеграција со европскиот пазар. Сепак, тоа покажува потенцијал кој мора да се искористи. Сакам да ја потенцирам мојата поддршка за секторот е-трговија. Работиме на подобра дигитална инфраструктура, зајакнување на дигиталната писменост, намалување на неформалната економија и поедноставување на прекуграничната трговија. Нашата цел е да создадеме унифициран дигитален екосистем кој ќе биде конкурентен на глобално ниво, вели Андоновски.
Потенцираше дека преку соработка може да се отклучи огромниот потенцијал на е-трговијата.
Заедно – Владата, приватниот сектор и меѓународните партнери – можеме да ја трансформираме нашата иднина, додаде Андоновски.
На Конференцијата присуствуваа повеќе од 700 учесници од 150 компании, организации и институции, со говорници од 10 различни земји кои, како што истакна Андоновски ја потврдија важноста на е-трговијата за нашиот регион.
OhridNews