Охридските ракометари против непогрешливот состав на Зомимак ќе се „вадат“ за серијата од три меча без победа на домашен терен во Супер лигата.


– После победата над Преспа на сите во екипата ни се крена самодовербата, која е клучна за вакви натпревари. Мораме да се надеваме на чудо и само позитивно да мислеме на мечот со Зомимак – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

Струмичките ракометари имаат 100% ефект и така патуваат во Охрид на мегдан со „гладијаторите“ на кои им е неопходна победа.

– Еднаш во годината се случува Зомимак да киксне или да одигра лош меч па нека биде така против нас в сабота во „Билјанини Извори“. Уште еднаш ќе напоменам дека без позитивни мисли немаме никаква шанса со фаворитот Зомимак – заврши охридскиот стратег.

Од натпреварот со лидерот на табелата и оној со Радовиш во гости зависи судбината на Охрид за пласманот на една позициите кои водат во плејофот.

Мх.П.