Регуларниот дел од Супер лигата охридските ракометари го завршија на најдобар можен начин победувајќи го Металург Јуниор со 28-25.

– Екипата на Металург Јуниор е целокупна кадетска и младинска репрезентација и плус уште неколку поискусни играчи во составот и негуваат да играат брз ракомет. Тие имаат голем ростер на ракометарите наспроти ние кои имаме само неколку измени. Во пролетниот дел останавме без двајца клучни играчи и неможиме да одржиме едно исто темпо целиот натпревар. Меѓутоа моите играчи се златни деца кои гинат на теренот и немам што да му речам и замерам за натпреварот со Металург – рече Горан Андоновски.

Триумфот над Металург нема да вреди ништо ако истата игра и желба за победа не ја повторат охриѓани во дуелот со Преспа во плејаутот.

– Многу потежок натпревар не очекува против Преспа во втората рунда од плејаутот бидејќи тој меч ни е клучен за понатамошниот дел од сезоната. Оваа победа над Металург нема да вреди ништо ако не успееме да победиме против Преспа – заврши охрдскиот стратег.

Мх.П.