Уште на стартот од пролетната полусезона охридскиот ракометен состав ги загуби шансите за пласман во плејфот во Супер лигата претрпувајќи пораз од Тинекс Пролет 28-21.
– Тотално изедначен натпревар до 40-та минута, после тоа имавме голем број на промашени зицери, а со толку промашувања и технички грешки неможе да се добие меч во Супер лигата на гостински терен. Домаќините со две раце го прифитија нашиот поклон и сосема заслужено се радуваа на победата. За искусна екипа како нашата недозволиви се почетнички грешки кои на крајот на чинеа пораз и збогување од плејофот во Супер лигата. – потенцираше охридскиот стратег Горан Андоновски.
До крајот од регуларниот дел на првенството остануваат три натпревари, а од нив „гладијаторите“ играат два на домашен терен.
Фото : „24ракомет.мк“
Мх.П.