Екипата на Охрид ќе биде пречка за тимот на Вардар во првиот натпревар од четвртфиналните групи во Купот на Македонија.
– Мечот со Вардар ќе биде признание за моите ракометари кои сезонава на секој натпревар го оставија срцето на теренот. Заедно со играчите ги надминавме сите проблеми и на крај излеговме како победници – рече Горан Андоновски, тренер на охридскиот состав.
Донесувањето на 1/4 финалната група во Охрид ќе биде шлаг на тортата за дебитанската сезона за „гладијаторите“ во Супер лигата.
– Управата ќе направи се да ја доведе четврфтфиналната група во Охрид што би значело еден мега спектакл за охридската публика која потполно го заслужува. Јасно ни е дека тие се фаворити но сепак куриозитет е да се игра против екипата како што е Вардар – додаде Андоновски.
Ждребката за 1/4 финалето сепак не е во фокусот на охридскиот стратег, кој целосно е насочен кон дуелот со Преспа во втората рунда од плеј аут лигата.
– Не смееме да се залетуваме по ждребката за Купот туку треба да ја „згазиме“ Преспа и на сите да му покажиме дека Охрид заслужува елитен ракомет. Победата над Металург Јуниор нема да значи ништо ако не успееме да ја совлада Преспа – заврши харизматичниот тренер.
Мх.П.