Ракометарите на Охрид со победата над Преспа во Ресен се вратија во игра за пласман на позициите кои водат во плејофот од Супер лигата.
– Очигледно дека гостинскиот терен навистина ни годи и таму ги играме најдобрите натпревари сезонава. Имам само пофални зборови за ракометарите кои одиграа меч без грешка – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Од пет победи вкупно „гладијаторите“ три имаат обезбедено на гостински терен, а само две пред своите гледачи во „Билјанини Извори“.
– Барем половина да игравме на домашен терен од она што го играме на гостински бројките на табелата ќе беа многу поразлични. Победата над Преспа ќе делува и на самодовербата на моите играчи која ќе ни треба за мечот со Зомимак во следната рунда – додаде Андоновски.
Исто така Андоновски имаше пофални зборови за судиската двојка, која била на висина на задачата на мечот во Ресен.
Мх.П.