Охридските ракометари два натпревари по ред во Супер лигата ќе ги одиграат на домашен терен против Работнички и Прилеп. Тоа е одлична шанса за впишување на нови бодови кои ќе го задржат на врвот охридскиот состав.
– Напорно тренираме и фокусирани сме максимално. Овие два натпревари се многу важни за освојување на бодови на домашен терен бидејќи веќе имаме еден кикс пред нашите гледачи. Во преостанатиот дел од сезоната немаме право на грешки кога ние ќе играме на домашно тло – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Мечот со Работнички го играат в недела во 19 часот додека дуелот со Прилеп е закажан за 22 ноември кога „рибарите“ ќе прослават 25 години од нивното постоење.
Мх.П.