Ракометарите на Охрид добија посакувани противници во четвтфиналниот турнир во Купот на Македонија. Ривали на Охрид кој ќе биде домаќин се Прилеп, Тинекс Пролет и третата екипа на Вардар.
– Можеше и подобро, но можеше и многу полошо. Противниците ни се познати одигравме квалитетни натпревари сезонава со нив и ги победивме, но мечевите во Купот се друга приказна од оние во Супер лигата. Едно ќе потенцирам дека нема лесни противници и на теренот ќе треба да покажеме зошто бевме носители во годинешната ждребка во Купот на Македонија. – рече за Ohrid News, Горан Андоновски.
Натпреварите од четвртфиналето во Купот се играат на 16 и 17 април, а победникот од групата обезбедува пласман на завршниот турнир.
Супер ждребка за „гладијаторите“ во Купот на Македонија !
Мх.П.