В среда со почеток во 18 часот ракометарите на Охрид пред своите гледачи против Вардар Јуниор ќе го одиграа најзначајниот натпревар во Супер лигата сезонава.


Разликата меѓу „гладијаторите“ и „црвено црните“ на табелата е само три бодови, а избраниците на Горан Андоновски со триумф ќе завршат голема работа околу пласман во плејофот.

– Екипата на Вардар Јуниор ги има собрано сите македонски играчи кои се перспективни. Тие заедно играат повеќе од три сезони, а предводени од Пепи Манасков имаат се што е потребно за пласман во плејофот. Ова е дерби натпревар, може се да се случи, но јас очекувам тешка битка, максимално тешка. Сезонава покажавме карактер и квалитет, но на мечот со „јуниорите“ ќе мора тоа го потврдиме уште еднаш. – рече охридскиот стратег.


Охриѓани недела дена не тренираа заедно поради обврските на интернационалците со средувањето на потребните документи во своите земји.

– Тоа ни преставуваше голем хендикеп бидејќи неможвме да тренираме заедно. Но, јас сум сигурен дека ќе надминеме се откако ќе истрчаме на теренот пред охридската публика. – додаде Андоновски.

Ohridnews