Долгогодишниот репрезентативец на Македонија, охриѓанецот, Горан Андоновски е деветтиот кандидат за селектор на некоја од сениорските селекции на Македонија кој достави своја пријава во РФМ.
Андоновски како тренер- играч го предводеше РК “Климент Охридски” до своите најголеми успеси. Преку втората лига успеа да го донесе ракометот во Охрид и во првата сезона стигнаа до излез во Европа. По добро познатите настани, минатата година Андоновски се повлече од ракометот.
Причина за пријавување за едно од селекторските места како што ни рече тој е предизвикот кој го носи националната селкција.
За популарниот “Усташ“ ова е прв обид да дојде до селекторската функција.
Претходни кои се пријавија се Љупчо Савевски, Гино Стрезовски, Илија Темелковски, Звонко Шундовски, Ристо Трпчевски, Владимир Глигоров, Борче Марковски и Јошко Холперт.