Капитенот на охридските ракометари, Крсте Андоновски и средниот бек Славиша Димитријески се помеѓу најдобрите ракометари во 10-та од Супер лигата.

Левото крило во охридскиот состав заедно со искусниот Димитријески одиграа сигурно и сталожено во клучните моменти и беа најзаслужни за извојуваната победа на гостински терен кај младите „вардарци“.

Во изборот на специјализираниот сајт за ракомет „24ракомет“ покрај охридските ракометари се најдоа Никола Даниловски-голман (Металург 2), Жарко Чуриќ-десен бек (Пелистер), Стефан Трпчевски-лев бек (Вардар Јуниор), Филип Ролевски-десно крило (Пролет) и Гоце Ѓоргиоски-пикер (Прилеп).

OhridNews