ГРК Охрид продолжува да ја гради иднината. Верноста кон клубот ја продолжија крилото Крсте Андоновски и голманот Даниел Ѓорѓески. Тие остануваат „Гладијатори“ до сезоната 2024/25.

 

Претходно договорите со ГРК Охрид ги продолжија капитенот Иван Тасески (2026), талентираниот Никола Шипинкоски (2026), најдобриот стрелец на клубот Гал Цирар (2026), МВП пивотот од претходната сезона Владимир Бојаниќ (2026) и столбот на одбраната Милорад Кукоски (2025).

Охрид претстојниот викенд ги продолжува натпреварите од плеј-офот. Екипата му гостува на Пролет во Скопје.

Г.М.