И следната сезона Охрид ќе биде дел од македонската ракометна елита. Охриѓани со победата над Радовиш 31-26 и теоретски го обезбедија останок во суперлигашкото друштво.

– Не само што ја остваривме зацртаната цел од пред почеток на сезоната туку и во плејаут лигата ќе звршиме на втората позиција или седми вкупно во Супер лигата. Со голема борбеност и макотрпна работа ги надминавме сите проблеми и препреки кои не пратеаја целата сезона – рече охридскиот стратег.

„Гладијаторите“ имаа негатива од четири погодоци, но повторно најдоа сила и направија пресврт за победа.

– На мечот со Радовиш одигравме и без Атанас Поп-Стефанија, но пресуди нашата физичка подготвеност, агресивната одбрана и нападот кој се подобри во вториот дел – додаде Андоновски.

До крајот на првенството преостануваат уште два натпревари, а охриѓани веќе можат да кројат планови за следната сезона.

Мх.П.