Без победник 22-22 заврши дуелот меѓу Охрид и Пелистер во 11-та рунда од Супер лигата. Предводникот на „сините“, Горан Андоновски е задоволен од играта на своите избраници, а крајно револтиран од судискиот тандем Николов – Начески.
– Ова е голем ден за ракометот во Охрид. Никој во градов не очекуваше дека ќе успееме да останеме непоразени на мечот со Пелистер. Евидентно е дека работиме напорно и може само да биде подобро. Со едно засилување во нападот добивме повеќе опции и ветуваме тешка борба за опстанок до крајот на сезоната. Воопшто не сум задоволен од арбитражата на судискиот двоец Николов – Начески кои се меѓу десетте најдобри во Европа. Јас барам да имаме вакво судење кога играме надвор од Охрид, а не како против Преспа кога на домаќинот му се дозволуваше напад по пет минути – рече охридскиот тренер, Горан Андоновски.
Во следната 12-та рунда охридските ракометари гостуваат кај тимот на Овче Поле, кој во Охрид успеа да остане непоразен.
Мх.П.