Охридскиот стратег Горан Андоновски во преостанатите натпревари од плејаутот во Супер лигата шанса ќе им даде на ракометари од младинскиот погон.
Прв ќе биде вклучен десното крило Наум Костов, кој доаѓаа од пионерската екипа. Тој за Охрид ќе настапи со специјален лекарски преглед поради годините.
– Ова ќе биде шанса, големо искуство и мотив повеќе за младите ракометари кои се дел од нашиот клуб. Оваа практика ја применувам секоја сезона кога сме во можност да играме со составот. – рече тренерот на Ракометниот клуб Охрид.
Охридските ракометари натпреварот со штипски Текстилец го играат во сабота со почеток во 19 часот во арената „Билјанини Извори“.
Мх.П.