В недела во петтата рунда од Супер лигата охриѓани гостуваат кај „фенерџијата“ Текстилец и се освен победа би било неуспех за „сините“.


– Формата ние е во нагорна линија. На дерби средбата со Радовиш покажавме дека имаме и трпение кога се одлува победникот во натпреварот. Иако нема слаби екипи во Штип одиме на победа бидејќи така ќе ги оставиме живи нашите амбиции – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

Тој на тренинзите посвети внимание на одбраната, која за разлика од минатите сезони не е на висина до задачата.

– Сега имаме повеќе опции во нападот затоа одбраната на некој начин попушти. Ние ќе се фокусираме пак на одбраната, а нападот нека продолжи во ваков ритам – додаде Андоновски.

По четири одиграни натпревари охридските ракометари имаат седум бодови и се наоѓаат на третата позиција.

Мх.П.