Ниту ракометарите на Охрид не успеаја да го запрат победничкиот налет на Зомимак во Супер лигата. „Рисовите“ во Охрид го освоија целиот плен победувајќи го домаќинот со 33-28.


– Нашата екипа реално е поквалитетна од останатите во Супер лигата, но тоа ние го докажуваме на теренот. Очекувавме жешка атмосфера во Охрид затоа се подготвувавме и мислам дека пруживме одлична престава пред охридската публика. Морам да напоменам дека кога и да дојдам во Охрид ми е многу мило што има волкав број на публика, која го сака ракометот. Се надевам дека Охрид ќе се издигне и заедно со нас ќе обезбеди пласман во плејофот од Супер лигата – рече гостинскиот стратег Марјан Андонов.

Со оваа победа Зомимак само го продолжи походот кон првото место во регуларниот дел од Супер лигата.

Мх.П.