24 февруари е датумот кога треба да започне вториот дел од  ракометното првенство во Македонија. Состојбата во домашниот  ракомет е очајна. Со иклучок на првопласираните екипи Вардар и Металург, кои ги започнаа подготовките, останатите екипи незнаат се уште кој пат да го фатат .

Охридскиот суперлигаш Климент Охридски едвај успеа да се собере пред почеткот на првенството , а епилогот од тој задоцнат старт верувам  е познат на сите. По 14 одиграни
кола 3 победи едно реми и 11 порази и последно место на табелата . Зимскта пауза беше добродјдена , но и покрај тоа што се навестуваше дека работите ке се средат ракометарите се оставени на милост и немилост , а како неофицијално дознаваме клубот го напушти играч-тренерот Горан Андоновски.


Ќе згасне ли ракометот во Охрид?

Клубот е оставен на стихијата и лесно може да се случи по неколку годишно постење и
да замре со оглед на не заинтересираноста некој да се завземе за охридскиот  ракомет. По заминувањаето на алфа и омегата во клубот Андоновски не е јасно кој ќе ги повика играчите и дали воопшто ке има подготвки. Штета,пропаѓа можноста разгледувајки ги приликите во мак – ракометот Охрид да стане сигурен суперлигаш и да избори место за излез во Европа . До почетокот на првенството има нешто помалку од месец дена, а да се направи нешто време се уште има но . . .

Мирко Постолоски