Охридските ракометари на гостински терен против екипата на Голден Арт КЛ7 ќе ги отворат натпреварите од новата сезона во Супер лигата. „Гладијаторите“ преку чуварот на мрежата Јагош Брауновиќ најавија атак на бодовите и победнички почеток на сезоната, а свои цели и очекувања има тимот на Голден Арт КЛ7 кој ќе дебитира во македонската ракометна елита.

Ние сме млад колектив и како клуб и како структура на играчи, без суперлигашко искуство, но со мотив да на секој нов натпревар одиграме подобро од претходниот. Охрид е фаворит имајќи предвид дека е многу поискусна екипа со играчи од странство и играчи кои долги години играат во суперлигата но и со резултати кои се на завидно ниво последните неколку години. Голден Арт КЛ7 ќе бара шанса за надигрување со секој противник оваа сезона па така и со Охрид. Ако ни се даде можност ќе се обидеме да го изненадиме. Сепак во многу поважно за нас како клуб е да растеме од секој аспект а играњето во најквалитетното македонско натпреварување ќе ни го овозможи тоа. – изјави тренерот Андон Бошковски.

Натпреварот помеѓу Голден Арт КЛ7 – Охрид низ директен пренос ќе биде емитуван на спортскиот канал МТВ 3. Мечот стартува во 19 часот.

OhridNews