Холивудксата актерка Анџелина Џоли потрошила 12,2 милиони фунти како на својот партнер Бред Пит би му купила остров во форма на срце за неговиот 50. роденден. Џоли минатата седмица проценила дека островот со две куќи кој го дизајнирал омилениот архитект на Пит Френк Лојд Рајт бил идеален подарок за него. Извор близок на парот рекол дека актерката била импресионирана со островчето.

Куќата била совршена за романтични викенди или семеен одмор. Се било многу изолирано од јавноста, а Анџелина знаела дека многу ќе му се допадне затоа што е во форма на срце. Ексклузивниот остров со писта за хелокоптер се наоѓа 80 километри северно од Њујорк. Колибата на островот била изградена 1950 година осум години пред смртта на Рајт, а главната куќа била изградена во 2008 токму по план на Рајт. Бред Пит и Анџелина Џоли заедно се од 2005 година.