Како свадбен подарок, Анџелина Џоли на својот сопруг Бред Пит му купила скапоцен „Патек Филип“ рачен часовник вреден повеќе од три милиони долари. Како што наведуваат британските медиуми, станува збор за часовник опточен со платина направен уште во далечната 1952 година.

Анџелина барала на позадината на часовникот да се изгравира „За Роли од Нес“, како што се викаат ликовите кои тие двајца ги глумат во филмот “By The Sea” кој моментално го снимаат на Малта. Ова не е прв пат познатата актерка да му купува на Бред вредни подароци, а пред две години за 1,6 милиони долари му купила хеликоптер.