На Анџелина Џоли ја пече совеста поради тоа што се заљубила во Бред Пит додека бил во брак со Џенифер Анистон, па сака да и се извини по секоја цена, но Џенифер не го прифаќа извинувањето.

Анџелина без знаење на Бред се обидела да се извини, бидејќи ја гризе совеста, но не добила позитивен одговор од Џен.


Ѕвездата на Пријатели не сака да и го пружи тоа задоволство на Анџелина, па сега и Бред е вознемирен бидејќи неговата драга предизвикала нова лавина проблеми и допрела стари рани.

„Анџелина очајно сака да се извини, да се смири со Џенифер и еднаш засекогаш да ги закопа борбените секири“, тврди таен извор, но Џенифер, која повторно е во врска со Џон Мајер, тоа го одбива.

Џенифер, наводно не гледа ниту една добра причина да ја ослободи Анџелина од вината, и со задоволство би и рекла дека е една обична расипувачка на семејства.