За Џенифер Анистон веќе подолго време е познато дека не ја крие желбата да стане Бонд девојка, но овие денови иста желба пројавила и Анџелина Џоли.
Наводно, продуцентите на филмот веќе преговараат со Анџелина Џоли, која, ако преговорите завршат позитивно, би можела да добие главна женска улога, заедно со Даниел Крег. Aко биде постигнат договор, идејата е Анџелина да се појави во следните две продолженија на Бонд. Доколку се договорат и двате да настапат во новиот Бонд, нема сомнеж дека медиумите ќе ја пратат секоја минута на снимање на филмот, како и Бред Пит, бидејќи сепак во прашање се неговата поранешна и неговата сегашна сопруга.