Анџелина Џоли и Бред Пит веќе два дена се во Сараево во рамките на хуманитарна кампања на Уницеф. Холивудскот пар бил во посета на центарот за бегалци Сплавиште. Тие разговарале со бегалците и интерно раселените лица од подрачјето на југоисточна Босна. Целта на нивната посета е, според информациите на босанските медиуми, да укажат на проблемите со раселените лица во Босна и Херцеговина и начините на нивното решавање.
По престојот на Сплавиште, најпознатиот холивудски пар најверојатно ќе отпатува во Сребреница. Како што се наведува, по дводневната посета на Босна, Анџелина и Бред ќе одат во Хрватска, поточно во Дубровник, но не е познато колку ќе се задржат.