Холивудската актерка Анџелина Џоли, како што пишуваат американските медиуми, била бесна на својот иден сопруг Бред Пит. Невољите настанале кога дошле до плановите за нивната свадба закажана за 11 август. Анџелина наводно сакала нивната голема свадба да претставува мешавина на разни култури со акцент на традициите на свадбените прослави во Камбоџа, Етиопија и Виетнам, земјите од кои потекнуваат нивните посвоени деца.

Извор близок на парот изјавил дека она за што се сложиле е тоа дека обајцата сакаат голема прослава со семејството и пријателите. Бред Пит сепак би сакал тоа да биде традиционална свадба која би се одржала во нивниот замок во Франција. Иако Џоли има други планови, Бред би сакал на нивната свадба да се послужи богата вечера, тие двајца да одржат говор и на крај да можат да танцуваат цела вечер.