Популарните холивудски актери Анџелина Џоли и Бред Пит се надеваат дека ќе имаат уште биолошки деца, како и дека ќе посвојат едно сириско сираче, тврдат неименувани извори блиски до парот. Според зборовите на еден извор, Џоли одлучила да посвои едно дете од сирискиот камп во Јордан.
Изворот за списанието „Сан“ рекол дека Анџелина била посебно погодена со ситуацијата во Сирија и сакала да посвои дете од кампот во Јордан како барем некако би помогнала. Публицитетот ќе и помогне да го привлече светското внимание на она што се случува таму. Парот веќе има три посвоени и три билошки деца, Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен.