Бред Пит и Анџелина Џоли отишле на вечера во еден индиски ресторан, во кој јаделе со пријателите и телохранителите, и платиле 3700 евра. Холивудскиот пар кој моментално се наоѓа во Велика Британија каде Анџелина треба да го сними својот нареден филм, вечерал во друштво на пет пријатели и двајца телохранители во еден индиски ресторан во Сасекс, неколку километри од Лондон.

Персоналот во локалот ги примил со раширени раце, а ги испратиле со уште поголема насмевка, бидејќи славните гости направиле голема сметка и оставиле голема напојница. Друштвото ги нарачало речиси сите јадења од менито, како и неколку шишиња вино и шампањ. Иако “Mogul in Bagsot” е прилично скромен ресторан, успеале да изедат за 2800 евра. Дека добро јаделе докажала напојницата од 900 евра која им ја оставиле на келнерите.