Актерскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит наводно потпишале предбрачен договор вреден 380 милиони долари. Парот, кој има шест деца, планира да се венча на Божик, а нивниот предбрачен договор наводно имал 101 страна и во него било наведено дека Пит во случај на развод ќе ја задржи целата своја заработка во висина од 209 милиони долари, а Анџелина ќе ја задржи својата која изнесува 171 милиони долари, пренеле американските медиуми.

Исто така ќе го делат и старателството над децата. Извор близок на парот за медиумите рекол дека популарната актерка не била баш за потпишување на договорот, но нејзиниот вереник на убедил дека тоа е најдобро решение. Парот се верил во април минатата година.